ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски и Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор ќе потрошат колку за еден стан

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Драги Рашковски и Љупчо Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор трошат колку за еден стан.

„Додека во најава е нов карантин за викенд и затворање на границите врвот на власта тера луксузни одмори на тропски дестинации. Рашковски наместо да одговара за криминал, замина за Мексико, каде еден одмор е околу 20 илјади евра. Николовски заврши со путерот, се измории отиде во Дубаи, каде одмор чини до 10.000 евра. Рашковски и Николовски напуштаат земја во кризна состојба, среде здравствена криза и полициски час. Народот нема леб да јаде, и едвај крај со крај сврзува, а луѓето на Заев трошат десетици илјади евра за одмор“, се вели во соопштението на партијата.

Претходно во втоникот вечерта опозициската партија на медиуските извештаи во врска со патувањата на двајцата блиски соработници на премиерот Зоран Заев реагираше со констатацијата дека се чини оти „мора да се трошат провизиите“

Така реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека поранешниот генерален секретар Драги Рашковски заминал на одмор со семејството во Мексико, а вицепремиерот за броба против корупцијата Љупчо Николовски со сопругата и друг фунцикионер на СДСМ одмора во Дубаи.

„Медиумите пренесуваат дека Рашковски е во Мексико, а Николовски во Дубаи, додека луѓе умираат од корона и глад. Граѓани додека умираат поради неспособноста на власта, во Владата нема кој да работи. Нема одговор од Владата за типот на патувањата и дали тоа е точно. Криминалот цвета, мафијата хара низ улиците, а не се знае дали Рашковски ужива во Мексико, а Љупчо Николовски ужива со народни пари во Дубаи“, реагираа од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека неспособноста на оваа Влада да набави вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица.

Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118-то место од 122 држави, но за тоа време владините функционери си шетаат низ светот. Фирми додека се затвораат, а граѓани остануваат на улица, владини функционери се луксузираат по егзотични патувања.

Додека над 50.000 граѓани останаа без работа, над 500.000 граѓани преживуваат со едвај 130 денари на ден, Заев не знае кај му се функционерите по светот.

Неспособни се да водат држава, но способни се да трошат народни пари по Мексико и Дубаи. Одговорност за ваквото однесување мора да има!“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.