ВМРО-ДПМНЕ разговара со сите парламентарни партии за ново мнозинство во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ разговара со сите парламентарни политички партии за формирање ново парламентарно мнозинство и уривање на вкадата на Зоран Заев, изјави во четвртокот пратеникот на најголемата опозициска партија Бране Петрушевски.

Тој во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат истакна дека преговорите сѐ уште трае и дека е дојдено време владата да падне, додајаќи дека во Собрание се нема стабилно парламентарно мнозинство и тоа се покажа на интерпелацијата на вице прњмињрот за европшски прашања, Никола Димитров.

„Новото парламетарно мнозинство е политичка реалност. Ние сме во разговори со сите парламентарни политички партии во Република Македонија за идејата да се сруши оваа Влада и да се формира ново парламентарно мнозинство. Впрочем, во таа насока се и покренатите интерпелации кои што во Собранието од страна на опозиција и на ВМРО-ДПМНЕ и сметаме дека доколку нашите аргументи за рушење на оваа влада се прифата сериозно, реално и искрено од сите политички субјекти, ќе биде политичка реалност во Македонија. И сметам дека е дојдено време оваа Влада да падне“, порача Петрушевски.

Истакна дека во последната недела-две, ВМРО-ДПМНЕ имаше дипломатска офанзива каде што птерседателот на партијата, Христијан Мицкоски придружен од потпретседателот, Александар Николоски остварија бројни посети на европски држави. Тој ги наведе средботе со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, како и премиерот на Хрватска Пленковиќ, додека од другата страна премиерот на Македонија Зоран Заев не остварил ните една значајна средба со високи претставници на земјите од Европската Унија.