ВМРО ДПМНЕ: Русковска со штурата истрага за „Рекет“, потврди дека работи по диктат на Зора Заев

„Право и правдина во Република Македонија нема. Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија.
Русковска и официјално денеска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот “Рекет” потврди дека е еден обичен пиун и работи по диктат на Зоран Заев, соопштија од ВМРО ДПМНЕ.
-Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари.
Нерасчистувањето на инволвираноста на Кики, Фрики, Шеки, Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај “Рекет”.
Сите знаат дека Боки 13 и Катица Јанева не рекетирале сами и дека имале поддршка од раководни лица од власта.
Правда во Македонија мора да има. Вистината ќе излезе на виделина и сите инволвирани еден ден ќе одговараат по сите основи за сите сторени кривични дела и во случајот и во постапката, соопштија од партијата.