ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не се крие зад ДУИ, ја ограбија државата – од просечни граѓани станаа милионери, а сега бараат начин како да не одговараат

СДС да не се крие зад ДУИ, ја ограбија државата од просечни граѓани станаа милионери, а сега бараат начин како да не одговараат. Али Ахмети можеби е загрижен за внуците кои влегоа во милионски бизниси, без денар, а сега кога треба да дадат одговор како, повикува на меѓународен ветинг и заговара дестабилизација на државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И Али Ахмети и СДС не бараа меѓународен ветинг кога МЕПСО му отпиша долг на синот на Муса Џафери и уште неколку фирми блиски до нив од 14 милиони евра. Немаше барање за меѓународен ветинг ниту кога братот на Филипче со Вице Заев влезе во бизнисот со струја. Доаѓа време кога од СДС и ДУИ треба да кажат како Заевци и Филипче станаа милионери, како влегоа во бизниси со струја, како Артан Груби бркаше подизведувачи на патишта. СДС и ДУИ знаат дека доаѓа време за одговори, зошто промените се случија, а од одговорност никој не може да избега. Се ќе биде ставено на виделина, бидејќи народот заслужува да знае кој и како ја ограбувал државата. Кој полнел торби, додека народот преживувал, се наведува партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Никакви сценарија кои ги коваат Филипче и Ахмети нема да ги спасат од одговорност за ограбената држава“.