ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не се плаши од народот и да дозволи собирање на потписи за укинување на Договорот за Добрососедств

СДС да не се плаши од народот. Собранието да дозволи да се собираат 150 илјади потписи за Референдум, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта да не се дрзнува преку Собранието и Талат Џафери да го оневозможи референдумското изјаснување.

Барањето со Иницијативата е поднесено согласно Законот за референдум до претседателот на Собранието, и нема правен основ тоа да не се одобри.

Доколку власта прибегне кон опструкции само ќе покажат дека се плашат од народот и се свесни дека тоа што го прават е во спротивност со волјата на народот.

Ја повикуваме власта да покаже минимум демократски капацитет, и не само да не го опструира референдумско изјаснување, туку да одиме и на предвремени парламентарни и претседателски избори, стои во партиското соопштение.