ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ место да изгласаат продолжување на пасошите, организираат свечен пречек на граница, за обрасци за пасоши

Не дека не е познато на граѓаните, организирање на свечености со труби по тунели, еве сега имаме втор дел, свеченост за пристигање на обрасци за пасоши, реагира во саботата ВМРО-ДПМНЕ.

„Место пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да им помогнат на граѓаните, со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се решија свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести.

Додека граѓаните чекаат решение, кое може да се донесе веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600.000 луѓе од отворен затвор, тие си играат мајтап со нив на граница.

Оваа финална етапа на власта во паѓање, е права слика, за нивното цело владеење во овие седум години. Место решенија, гола пропаганда и неспособност“, се наведува во соопштението.