ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно го врати криминалот и непотизмот

СДС повторно го врати криминалот и непотизмот како начин на владеење во Македонија и за само 4 месеци го покажа своето вистинско лице. Низа скандали поврзани со самиот врв на власта беа обележје на начинот на управување на СДС изминативе 4 месеци, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев на најбеозбразен начин, без тронка срам и обѕир посегна по најголемите фабрики кои за багателни цени ги превзема со помош на неговата фамилија. Текстилниот гигант „Герас Цунев“ беше купен за само 20.000 евра од неговиот прв братучед Трајче Заев, со тоа Заеви се стекнаа со сопственост на 22% од фирма која има над 7.000 м2 атрактивен индустриски и деловен простор. За тие пари сите останати граѓани на Република Македонија можат да си купат само гарсониера од 25м2 и ништо повеќе. Тендерашот мултимилионер Кочо Анѓушев користејќи ја позицијата на вицепремиер во владата на СДС за својата фирма обезбеди работа за увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра, која мораше да биде поништена бидејќи на народот му стана јасно за чии интереси работи власта на СДС. Тоа не му беше доволно па своето влијание сака да го искористи за да помине точка на владата со која ќе се овозможи укинување на царина за увоз на  литиум-јонски акумулатори кои ги користи неговата фирма „Брако“ за производство на електрични возила и на тој начин дополнително да си го зголеми личното богатство за неколку милиони евра. Покрај тоа го  прекрши законот само за да може непречено и побрзо да ја изгради хидроелекраната „Тополка“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е класичен пример за злоупотреба на позицијата за поставување на свои блиски пријатели и роднини на високи функции.

-Самиот тој се постави како член на борд на директори во Телеком со месечен хонорар од 500 евра. Овој пример за непотизам го следат и други функционери на власта. Граѓаните ги препознаа намерите на Заев и неговата криминална банда и затоа на 15-ти октомври ќе го тргнат ова помрачување и повторно ќе ја пуштат светлината во Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.