ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да излезе од опозицискиот филм и да ги заврши започнатите автопати

СДСМ треба да излезе од филмот дека е опозиција и сериозно да се фати за работа за да ги завршат почнатите автопати, за да може граѓаните да ги користат придобивките од почнатите проекти односно да се возат по нови и современи автопати, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на социјалдемократот Благој Бочварски.

„Наместо секојдневно на прес-конференции да искажуваат лаги и невистини, треба час поскоро да почнат да ги решаваат тековните проблеми во изградбата на автопатите и за истите да изнајдат соодветно решенија. Граѓаните од СДС како одговорна и сериозна власт очекуваат да ги решаваат секојдневните проблеми,а не да се служат со лаги и манипулации и да ја секојдневно да ја замајуваат јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста со менаџирање со проектите ја прекриваат,со наводни грешки во проектот за автопатот Кичево-Охрид,што отвора сомнеж дека со прекинување на проектот се има за цел, да се изберат нови фирми кои би го граделе автопатот и истите за тоа да добијат милионски средства надвор од законот и секакви правни процедури, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека проектот за автопатот Кичево – Охрид, поради „некадарност и неспособност“, беше оставен како незавршен токму од владата на СДСМ во периодот од 2002 до 2006 година.

„Како е возможно изградбата да тече без прекин неколку години, а сега откако СДС е на власт уште во првиот месец да застане. Тоа е индикатор дека се спрема голем криминал кој ќе заврши во џебовите на газдите на СДС“, прашуваат ВМРО-ДПМЕ.

Велат дека грааните од СДСМ очекуваат да соопштат каде ќе ги градат 500-те километри автопат и 650 километри локални патишта.

„СДС досега не почна да реализира ниту еден од инфраструктурните проекти кои ги најавуваше во предизборната кампања, освен што со стопирање на веќе почнати почнати проекти во повеќе области, од новата антирефорска влада не видовме ништо друго.Сакаме да порачаме, дека кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе продолжи со градбата со автопати и ќе го догради автопатот кој сега СДС го блокираше“, се вели во реакцијата.