![519676-od-idniot-mesec-130.000-makedonski-rabotnici-kje-zemaat-minimalna-plata-od-12.000-denari-161930](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/519676-od-idniot-mesec-130.000-makedonski-rabotnici-kje-zemaat-minimalna-plata-od-12.000-denari-161930.jpg?resize=640%2C459&ssl=1)
„Ако навистина СДСМ сака да ја зголемат минималната плата тогаш да го направат тоа, а ние ќе ги поддржиме исто како што ќе поддржиме и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места.
Воедно наместо да крадат и прават криминал и парите да завршуваат во приватни џебови владата треба да го поддржи стопанството.
Бидејќи СДСМ покажа интерес за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да не се крие зад лични ставови на поединци туку ги повикуваме да го проследат овој став на партијата“, се наведува во ракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно во саботата од владејачката СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е „против работниците, против граѓаните, се противи на зголемувањето на минималната плата“.
„СДСМ континуирано покажува дека е на страна на работниците, на страна на граѓаните. За над 6.000 денари ја зголемивме минималната плата за неполни пет години. Односно од 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари.
Со успешни економски политики среде криза, ја зголемивме и просечната плата, пензиите и социјалната помош. Заложбата на СДСМ е минималната плата да продолжи да расте, бидејќи подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е наш приоритет.
Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо стопанство. Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците, но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата. Трајко Славески член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против растот на минималната плата. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ работи директно против работниците, против повеќе пари во семејните буџети. Оваа партија очигледно има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, а не во нивниот скапоцен дворец“, велат од СДСМ.
.