ВМРО-ДПМНЕ: СДСM да не бега од одговорите дали соработува со ДУИ во планот за дестабилизација

СДС да не бега од одговори, содејствува ли со ДУИ во планот за дестабилизација?, прашуваат преку денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат.

И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.

Седум години СДС и ДУИ ја крадеа државата. Резултатот е ограбена држава, и за тоа одговорност ќе има. Никакви црни сценарија нема да ги спасат, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.