Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше посветена на реформи и мерки за подобрување на стандардот на граѓаните, за разлика од владата на СДСМ која, како што велат, уште од првиот ден започнала со спроведување на антиреформи и креирање на црна пропаганда против раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата треба да престане да се однесува како да е опозиција и да почне да го реализира она што им го ветила на граѓаните, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Најдобар доказ за тоа, додаваат од партијата, се новите работни места кои се отвараат. Според ВМРО-ДПМНЕ Заводот за статистика во Република Македонија вработени се 734.000 граѓани, односно има 20.000 повеќе граѓани кои се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000. Во моментов невработеноста е на рекордно најниско ниво од осамостојувањето на државата и сега изнесува 22.9 проценти,
– Граѓаните на Република Македонија ја воочуваат разликата. ВМРО -ДПМНЕ се што имаше ветено, работеше деноноќно за да го оствари ветеното, со цел да го оправда гласот на народот. Бидејќи народот очекува исполнување на ветеното. СДС започна со најави за уривање, блокирање и укинување, а граѓаните ја бараат ветената минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, додека докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните од СДС ги очекуваат и новите 500 километри автопат кои им ги вети, но и економскиот раст од 5 проценти годишно, како и повратот на 15 проценти од ДДВ, се вели во соопштението.
Во него се додава дека сите очекуваат СДСМ да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ.
– Без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, СДС има обврска да не ги повтори грешките со изневерените очекувања како при ветувањето за по еден вработен од секое семејство. Затоа време е СДС да започне да го реализира ветеното, а не да се однесува како опозиција, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања.