ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт

„Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе. Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во „еден криминалец, суетен новинар и п.дер“, се веливо рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ по одржувањето на Централниот одбор на СДСМ и назначувањето на новите кадровски решенија за министер и заменик министер и потпретседателите на СДСМ.

„Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по Мурто, дојде Курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија“, се истакнува во соопштението на најголемата опозициска партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓанитет, го штити криминалот и понатаму е на функција, наглсуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

„Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.