Шокантно е што СДСМ се фали со цените на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат цените на берзите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да се фалат дека поевтинуваат горивата на светскиот пазар, што секако не е заради Ковачевски, да ја намалат акцизата за 50%. Откако СДСМ е на власт, тие ја зголемија акцизата за 13.13 денари. И од тогаш секое литро гориво е поскапо за 13.13 денари, само затоа што така сакале СДСМ и ДУИ. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50% ќе ги намали цените и ќе овозможи граѓаните да имаат гориво по пристојни цени, а индустријата и земјоделците да имаат поевтино производство. Дополнително земјоделците чекаат и намалување на ДДВ на 0% за вештачките ѓубрива чии цени на берзите рушат рекорди“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека наместо да брка дневен популизам владата треба да донесе реални мерки.