СДСМ и Оливер Спасовски се лицемерни. Кога беа на власт не одвојуваа ни денар за субвенционирање на земјодеството, а земјоделците ги тепаа и ги третираа како граѓани од втор ред, се вели реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на генералниот секретар Спасовски.
„Сите уште се сеќаваат како СДСМ ја навредуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ја нарекуваше земјоделска Влада само затоа што одвои пари за субвенции во земјодеството. Тие и до ден денес немаат искрен однос кон земјоделците, затоа што ниту еднаш не кажаа дали треба или не треба да се исплаќаат субвенции за поддршка на земјоделството. Единствено што ги интересира СДСМ е како да ги злоупотребат земјоделците пред секој изборен циклус со цел да добијат ситни партиски поени“, се вели во реакцијата.