„Наместо да даде одговор како е возможно нивниот претсадател Зоран Заев да поделил милиони на фирмите на своите роднини, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со манипулации,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ.
Понатаму во соопштението се вели дека СДСМ избегнува да даде одговор зошто нивниот Претседател Зоран Заев ја лажеше јавноста за својот личен имот.
„Во СДСМ молчат зошто Зоран Заев излажа колку вредат фирмите на неговото семејство. Во СДСМ сеуште молчат зошто едни суми и вредности кажува Заев во јавноста, а други суми излегуваат од официјалните документи. Од нив јавноста очекува да дадат одговори за десетиците јавни набавки, кои ги добивале фирмите на братот, таткото, чичкото, стрината и братучедите на Зоран Заев и конечно да ја признаат мрежата која ја создале во Струмица за испумпување на народни пари за лично богатење,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.