![115166288 здравството](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/115166288-3.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
– Проекти кои се обмислувани и подготвувани со месеци Шилегов ги прелистува во пет минути, застанува пред камери и започнува да се бламира тврдејќи дека нема да се реализираат. Граѓаните знаат дека ќе се реализираат. Граѓаните виделе со свои очи дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го вети – го реализира. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е партијата која од инвестиции во здравството инвестираше само во ѓердани и бисери за колешките на нивните министри, како и во продавање стентови под маса ставајќи етикета и цена на животот на граѓаните, пишува во соопштението на владејачката партија.