Владејачката СДСМ седум месеци работи спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија, ветуваа реформи а донесоа деструкција, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ од неделата.
„Реформите кои ги најавуваше СДС испукаа како балон. Инситуциите наместо во служба на граѓаните се ставени во служба на хунтата, се злоупотребуваат законите со цел изживување со политичките неистомиленици“, се наведува во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ, натаму велат, дека македонските граѓани во 21-от почувстувале што значи хунта.
„Антидржавни договори, политички прогон на неистомисленици, монтирани судски случаи, криминал на улиците, здравство без министер, сомнителни тендери на претставници од власта, загаденост на воздухот од невидени размери и непотизам се одликите на хунтата во Македонија“, се наведува во објавата.
Од опозициксата партија истакнуваат дека граѓаните имаат потреба од институции кои го спроведуваат законот, а не ги злоупотребуваат и оти заслужуваат правна држава базирана на современите демократски принципи.
„Хунтата ја уништува демократијата и правната држава, мислејќи дека ќе помине неказнето. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека владеењето на правото и правната држава, демократски институции и еднаквост за сите мора да има. Секој еден претставник на хунтата кој се обидува да ги уништи овие принципи на современото општество ќе сноси одговорност со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.