ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се пофали со проекти и мерки кои ги ветија на граѓаните, па се фали со редовни обврски на министерствата

Во тој контекст очекуваме скоро да се пофалат преку соопштение дека министрите дошле на работа во редовен работен ден, и дека одржале и седница на влада или дека институциите ги отвориле шалтерите благодарение на нивниот труд. Да не е трагичен, би било смешен обидот на СДС да покаже дека нешто работи, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е Владата предводена од СДС и нивните министри да се фати за работа и реализација на ветувањата кои им ги даде на граѓаните наместо да се фали со работи кои се нивна редовна должност и обврска. Овие обврски ќе се исполнат и без ангажманот на министрите на СДС, бидејќи ова се редовни дневни активности на државната администрација“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Се посочува дека, на пример, денешната објава од Министерството за труд и социјална политика за исплатата на социјална помош, пензии, плати и субвенции, и редовна обврска на министерствата.

„Улогата на министрите е многу поголема, а таа е да ги решаваат проблеми на граѓаните и да реализираат нови проекти“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ и заклуваат дека новата власт на СДСМ неможејќи да се пофаи со нови проекти и мерки кои ги ветуваше во изборниот период, нејзиниет министри сега лиферуваат соопштенија за исполнување на редовни обврски.

„Додека се расфрлаат со фалби за редовни обврски, нема ниту збор за долго најавуваните зголемувања на платите. Граѓаните ја очекуваат минималната плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плати од 100.000 денари како што СДС вети изборната кампања. Граѓаните ги очекуваат и најавените 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на ДДВ“, се потсетува, исто така, во реакцијата.