Зоран Заев ги обвинува граѓаните за неуспехот на СДСМ, реагираат од ВМРО -ДПМНЕ.
„СДСМ не може да излезе од филмот, кој нивното најтесно раководство го продуцира, филм креиран во времето на Бранко Црвенковски, според кој виновни за нивниот неуспех се секогаш сите, само не најтесното раководство на СДСМ. Се додека СДСМ не почне да ги бара грешките кај себе и да ја разбере оваа порака што граѓаните им ја упатуваат на сите овие избори, а тоа е порака дека мора да променат нешто кај себе и да понудат реален и издржан концепт, се додека тоа не се случи, СДСМ не може да се надева на успех“, се вели во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму сметаат дека недостигот на концепт и реална програма, СДСМ нема да го анулира со негативна кампања.
„Ние продолжуваме со презентацијата на 2046 проекти од нашата програма. Проекти со кои ќе се помогне на многу различни категории на граѓани во нашата земја. Тој нека продолжи да навредува и да манипулира, а ние ќе продложиме да работиме и ќе продолжиме со презентација на нашата програма и нашите проекти“