Во услови кога државата пропаѓа заради неспособноста на власта и од сите држави во светот само ние се соочуваме со тешки економски последици, владата спроведува цензура врз медиумите и слободната мисла. Цензурата на медиумите е показател на авторитарно општество и партија која на прво место и се тајкуните блиски до врвот на партијата, отколку народот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на СДСМ освен тоа што контролира дел од медиумите пробува да си направи своја нова телевизија и да ја наметне врз слободните медиуми. Освен тоа денешниот владин настан во форма на емисија има режисер, тоа е Роберт Поповски со неговите помошници Коста Петров и Маријан Забарчанец. Целта е партиско политичка пропаганда на грбот на народот во услови кога нашата земја е во тешка здравствена и економска криза. Не се важни граѓаните туку личниот рејтинг, се наведува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ прашува: Што сака да сокрие власта?
- Дали крие тоа што јавниот долг ќе биде 70% од БДП заради нивните лоши мерки и криминалот?
- Дали се крие дека 140.000 луѓе привремено останале без работа?
- Дали не сакаат да се знае дека 50% од вработените во угостителството се отпуштени?
-Дали власта крие дека после оваа криза, ни следува уште поголема економска, која не можат да ја спречат!? Слободата на медиумите и слободната мисла се уставно загарантирано право и никој не смее да ги ограничува, па ниту Зоран Заев и СДСМ, се порачува во соопштението од партијата.