ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ предизвикува хаос во змејоделството

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на интервјуто на министерот Николовски. Сметаат дека дека со  СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос. Опозиционерите обвинуваат дека на недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не. Од ВМРО алармираат дека пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаков одбранбен механизам за да го заштити домашното производство.

Љупчо Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното, маркичките и сите оние попратни елементи. Во таа смисла, истиот даде ветувања на 10 мај оваа година даде ветувања дека ќе ја реши до 30 јуни и дека со самото тоа ќе се стабилизирала состојбата пред жетвата, како домашните производители и мелничари ќе можат да ја реализираат жетвата во порелаксиран амбиент, рече Миле Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ.