„СДСМ продолжува директно и преку своите портали да создава алиби за поразот на претстојните избори.Секојдневно лицемерно критикуваат и плачат за таканареченото почнување на кампања, а самите фактички реализираат предвремен почеток на кампања,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие, според ВМРО-ДПМНЕ всушност секој ден презентираат мерки како ветување за изборите, го презентираат својот претседателски кандидат, а денес ќе ги презентираат и кандидатите за пратеници.
„Но опозициските портали за тоа не известуваат, туку заедно со СДСМ се обидуваат од секоја ситница да креираат оправдување за своите слаби резултати. СДСМ и своите портали буквално плачат секој ден.Дволичноста на СДСМ и нивните портали е видлива на секој нивни настан и напишан текст,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ