СДСМ се најодговорни за газењето на Уставот и демократијата на 27-ми април. СДС тогаш спроведе политичко насилство поништувајќи ги Уставот, законите и деловникот на Собранието, тоа беше директно газење на државата и нејзиниот правен поредок, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.
Оттаму посочуваат дека политичкото насилство кое го сторило СДСМ на 27-ми април резултирало и со физичко насилство.
„Во врска со информациите дека на 27-ми април некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник да влезе во парламентот на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, веќе соопшти дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение. Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ја повикува новата влада да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение. Доколку не се прикаже таков документ во наредните ден два, ќе констатираме дека дефинитивно такво нешто не е издадено и дека СДС по којзнае кој пат лаже“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ