Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска истакна дека СДСМ, кампањата ја почнала и ја завршила со манипулации.
-Станува збор за земјоделско земјиште за кое има чиста документација и се е платено, во која овие документи го потврдуваат истото. СДСМ, нивната кампања од почеток до крај ја користи со извртување на вистината и оваа вистина на крајот на изборите ќе стане јасна со победа во прв круг на нашиот кандидат Митко Јанчев. Поради тоа што СДСМ немаат своја програма, се служат со безброј лаги и манипулации, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
Оттаму посочуваат дека СДСМ сака да го оцрни ликот и делото на кандидатот Јанчев и покрај тоа што станува збор за успешен бизнисмен, чија компанија е во 100-те најдобри во Македонија.
-Крајот на сите манипулации ќе дојде по завршувањето на изборите на 15 октомври каде што нашиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во првиот круг, а нивниот кандидат по четврти пат ќе биде поразен, со што ќе биде крајот на сите овие лаги што ги имаат кажано досега, истакнуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.