СДСМ се однесува несериозно и неодговорно. До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со корона, а сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември. Со ова Зоран Заев и СДСМ докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат цела држава, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквиот нивен ултиматум е најголем доказ дека на Заев и СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните туку единственo политичките игри кои на Заев може да му донесат помал пораз. Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба да уценува некого ниту да диктира услови, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.