![zagaden vozduh skopje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/zagaden-vozduh-skopje.jpg?resize=651%2C435&ssl=1)
Македонија тоне во смог, а Зоран Заев и неговите олигарси профитираат од горењето на кокс со 18 % сулфур диоксид и обоен текстил, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ три години е на власт. Три години ништо нема преземено за намалување на загадувањето. Напротив загадувањето е зголемено. Скопје е на листата најзагадени градови во светот.
„Скопје со денови има покривка од смог. Градот е огромен логор, а Петре Шилегов наместо да купи 300 прочистувачи за воздух дава 100.000 евра за настап на Дино Мерлин за Нова година.
Новогодишната вечер ќе дојде и ќе помине, а скопјани пак ќе дишат загаден воздух.
Скопје се гуши, а Шилегов се слави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека ништо подобри не се ниту Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево и Кавадарци и додека олигарсите на Заев ги полнат сметките, граѓаните ги полнат болниците.
Негрижата за здравјето на граѓаните е алармантна. По падот на СДСМ следува обнова на Македонија и проекти на ВМРО-ДПМНЕ во висина од 1 милијарда евра за намалување на загадувањето за 50% во првиот мандат.