ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Ѓорче Петров да не се жалат неосновано дека некој им се заканува, туку да работат зошто освен криминал и шверцерско носење на дупови немаат никаков ефект

Ја разбираме нервозата на советниците на СДСМ во Ѓорче Петров, таа не доаѓа поради измислените закани поради кои плачат во јавноста, туку поради тоа што народот не ги сака затоа што СДСМ во Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник во Скопје а и пошироко, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното, истакнуваат од опозицијата.

Градоначалникот Наумовски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи, додаваат од таму