За каква разочарност говори СДС по само 2 месеци нова власт, кога тие за 4 години го зголемија долгот за 4 милијарди евра и направија двоцифрена инфлација за 200 отсто, прашуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, како реакциоја на прес конференција на СДСМ.
Серијата беиздејни прес-конференции продолжуваат. Подобро да не држат прес-конференции отколку да држат набрзана напишани безлични пресови со кои излегуваат смешни пред целата јавност.
Прашањето е што изградија за парите со кои се задолжија и зошто ниту еден граѓанин не ги почуствува парите за кои тие се задолжуваа.
Одговорот е дека тие завршуваа во приватни џебови. За само 2 месеци нова власт се покачуваат пензиите за 5 илјади денари, а просветните работници од март ќе го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат.
Тоа е разликата која граѓаните ја чуствуваат, велат од партијата.