
СДСМ за две години ја покачи цената на струјата за над 30%, стагфлацијата ја јаде економијата, велат во партиското сопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во јуни 2019 година цената на еден киловат час струја била 5.54 денари, во декември 2021 година таа е 7.32 денари.
Со СДСМ во изминативе 2 години имаме константен раст на цената на струјата. Тоа е предизвикано и од фактот што РЕК Битола и другите енергетски капацитети се користат за крадење наместо за производство на струја.
Стагфлацијата ја јаде економијата во секој домет. Цената на струјата се качува, а производството паѓа.
Со СДСМ енергетската криза ќе се продлабочува. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: