СДСМ да понудат решенија, а не да ги злоупотребуваат стечајците како создаден проблем од нивна страна, истакна денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„Ги повикуваме преставниците од СДСМ да понудат решенија, а не да ги злоупотребуваат стечајците како од нив создаден проблем. ВМРО-ДПМНЕ и во 2008 година и во 2014 година, два пати донесе закон за стечајците со коишто очекуваме голем број од овие луѓе ќе добијат достоен приход за нивниот живот и за нивната издршка“, рече Милошоски.
Тој нагласи дека СДСМ за време на своето владеење во Република Македонија затвори 684 фабрики и претпријатија. Остави над 200.000 луѓе кои беа жртви на оваа погрешна приватизација.
„Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Репбулика Македонија во изминативе неколку години со повеќе мерки и со добра политичка волја се обидува да го реши овој создаден проблем. Носиме проактивни мерки и во рамките на економијата и во рамките на финансиите и во рамките на социјалната поддршка за да може да се изнајде целосно и достојно решение за проблемот на стечајците кои што беа создадени во времето на СДСМ. Првиот успешен и сериозен обид беше направен во 2008 година кога Собранието на Република Македонија донесе Закон со кој што се опфаќаа стечајците од оние фабрики кои што биле во доминантна државна сопственост, а заминале во стечај пред 2004 година“, појасни Милошоски.
Дополнително, но многу значајно Владата на Република Македонија во изминативе неколку години се обиде да ги ублажи тие катастрофални последици од проблемот на стечајците и беа превеземани повеќе активни мерки за вработување на лица постари од 45 години со што беа опфатени поголем дел од оваа популација.