![vmro-696x522](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/vmro-696x522.jpeg?resize=696%2C522&ssl=1)
СДСМ е единствена партија во Европа која што е водена од криминалец три пати аболиран за најтешки дела. СДСМ е партија која функционира само со Луј Витон куфери, рекет и трас-трас судство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во продолжение:
Соработници на Заев шверцуват цигари, малтретираат граѓани, местат тендери и тонат во криминал по урнек на нивниот аболиран водач.
Сите што сториле криминал треба да одговараат, вклучувајќи го и Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ го осудува и бара најстрога санкција за секој кој злоупотребува позиција и зема поткуп.
Бараме институциите на системот најбрзо да постапат согласно закон.
За ВМРО-ДПМНЕ нема дилеми. Никој службеник не смее да зема пари, по примерот на Зоран Заев, за тоа што согласно закон е должен да го направи.
Секој кој земал поткуп мора да одговара. Примерот на неказнивост кој го поддржа СДСМ со Зоран Заев и неговата аболиција, не смее да стане пракса.
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал.