
екогаш кога СДСМ сака да покрие некаков криминал и погрешни политики, започнува со политички хајки за дефокусирање од вистинските теми важни за граѓаните. После 4 години власт, нарачките на Заев кои ги исполнува обвинителството на Рускоска изгледаат бледо, неуверливо и дегутантно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Денес да не беше темата со нарачаното обвинение, ќе беше поважно тоа што СДСМ по трет пат го менува мислењето за резолуцијата за да Заев има простор да се пазари со Бугарија за нашиот национален идентитет, тоа што понудата на локалните избори на СДСМ е стари градоначалници кои бркаат бремени жени од работа, не спроведуваат проекти и прават криминал. Тема ќе беше што 80 проценти од јавните набавки се склучуваат во четири очи, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СДСМ им пречи набавката на нови автобуси, но не им пречи истите да ги користат и фотографираат.
– Денес нема човек кој е во затвор поради рекет, Ден Дончев избега, а Рашкоски во домашни услови одмара додека СДСМ спроведува политички процеси, додаваат од партијата.