Од владејачката партија се прашуваат дали лускузниот џип кој го користи Радмила Шекеринска е на Дајнерс? Од партијата посочуваат дека време е таа даде одговор на прашањата, бидејќи иако токму тие го поставуваат, целата јавност ги очекува одговорите.
„Дали Дајнерс ви плаќа што го користите нивниот џип исто како што ви плаќа за да живеете во сопствениот стан и тоа по цена за кирија десет пати поголема од пазарната?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната пресконференција на Борче Стамов, беше запрашано кој е интересот на една профитна компанија вака богато да наградува политичар во Македонија.
„Дали тоа можеби има врска со времето во кое вие бевте потпретседател на Владата? Дали со некои Ваши постапки или со постапки на Владата во која Вие бевте потпретседател сте ја задолжиле оваа приватна фирма за вака да Ве наградува?“
Од партијата бараат од неа да го приложи на јавноста т.н. менаџерски договор за кој деновиве вели дека е основ за исплата на огромните средства, бидејќи пред два дена беше доплата за стамбени трошоци, а пак во вашиот анкетен лист стои сосема трето, приход по основ на издавање на стан.
„Три дена три различни оправдувања. А за џипот допрва треба да објаснувате“, потенцираат тие.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во последните десетина години нема политичар кој толку се посрамотил како што се посрамоти Радмила Шекеринска. Добива кирија за стан кој го издава на самата себе и живее во него. Добива кирија десет пати повисока од пазарната. И одбива да даде одговори, како овој луксуз нејзе природно да и следува, како да е предодредена да живее во сиот тој раскош.
Неколку стана, вила во Маврово, екста луксузен џип и тоа никаде не пријавен.
Иако македонската јавност од Радмила Шекеринска веќе неколку дена бара и чека прецизни одговори и објаснување, таа сеуште одбива и избегнува да одговори.
„Дрско и неодговорно е вашето однесување госпоѓо Шекеринска. Вам како да не ви значи тоа што граѓаните чекаат одговори од вас. Вам како да не ви е грижа да објасните како тоа може да се заработи 5 317 евра месечно без да се помрдне со малиот прст“, нагласи Стамов.
На крај, и порачуваат на Шекеринска дека со тоа што упорно избегнува да одговори на овие прашања, нема да успее во намерата јавноста да го заборави овој скандал во кој таа е директно вмешана.