ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска молчи за нелегалните пицерии, бетонски баз, парапетчиња

Радмила Шекеринска народот ја виде како седи и држи состаноци со обвинетите и веќе осудени во „Рекет“, токму во време кога се спроведувала целата операција. Народот од неа очекува одговор која била причината за ваквите средби, дали таа била супервизорот на рекетирањето, обвинува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Манипулациите на Шекеринска не поминуваат кај народот. Таа можеше во овие три години да направи нешто за Охрид и за статусот на градот и езерото во УНЕСКО, но гледаме дека таа била заинтересирана повеќе за други сомнителни работи. Токму во нејзиниот мандат во охридскиот и струшкиот регион се градеа нелегални пицерии, бетонски бази, парапетчиња и слично. Таа во 2016-та ги зборуваше истите работи, ама ништо не направи. Лажеше тогаш, лаже и сега. Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова“, се вели во соопштението.