ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов намалку две години го финансирал „секс-кампот“ на кој се трауматизирани деца

Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера објавивме документ – информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот. Според досега достапните информации. Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку две години. Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје. Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.

Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца.