ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ограбувањето на редакцијата на интернет порталот „Плусинфо“. Отааму го повикуваат Министерството за внатрешни работи и надлежните органи што поскоро да ги откријат сторителите и истите да бидат изнесени пред лицето на правдата се со цел да не се дозволи шпекулации и несериозни набедувања за евентуални сторители на овој настан.
„Го осудуваме секое шпекулирање за тоа кој биле сторителите кои го направиле ова дело. Сметаме дека е крајно непрофесионално и тенденциозно овој настан да се поврзува со прославата на 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата реторика е веќе видена од страна на опозициските медиуми и медиуми блиски до СДСМ, многу пати до сега, за на крај да се види дека единствено ширеле манипулација за ситни дневни поени. Ваквите шпекулации не само што и штетат на истрагата, туку се директно обвинување без докази, што само по себе е неморално, неетички и е спротивно на законите“, се вели во соопштението на партијата.