ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска води со 45 до 50 илјади гласови пред Пендаровски

Партиските субјекти, односно коалиции кои ќе настапат со свои кандидати на претседателските избори, спроведуваат повеќе интерни истражувања на јавното мислење со кои го мерат пулсот на гласачите, објави Дојче веле, што врз основа на податоци од партиски извори, ги објавува трендовите што произлегуваат од ставот на гласачите по повеќето досега спроведени анкети.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ имаат причини за задоволство во однос на тие трендови. По барање на ВМРО-ДПМНЕ досега биле спроведени повеќе испитувања на јавното мислење, и телефонски и теренски, на репрезентативни примероци кои се движат од 1.200 до 2.500 испитаници.

Според нив, се проценува дека излезноста на претседателските избори ќе биде меѓу 50 и 55 отсто, односно помеѓу 900.000 и 1 милион гласачи.
„Предноста на Гордана Силјановска-Давкова во однос на Стево Пендаровски е 15% кај Македонците, а во тотал е 5 отсто од вкупниот број на излезени гласачи или во бројка – ќе зависи од излезноста во првиот круг и ќе се движи помеѓу 45.000 до 50.000 гласови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.