ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е банкрот заради тендерите на Арсовска, СДС и ДУИ

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: 

Скопје е банкрот заради тендерите на Арсовска, СДС и ДУИ.

СДС да не глуми изненаденост. Градот Скопје е жртва на нивниот криминал. Секогаш кога ќе зборуваат за банкрот нека се сетат дека нивниот директор на ЈСП потпиша договор за набавка на гориво од над 20 милиони евра без рабат, а штета за градот само по таа основа е над 1 милион евра.

СДС и ДУИ, заедно со Левица ги управуваат сите градски претпријатија. Хаосот во градот е пред се заради нивната неспособност за менаџирање.

СДС, ДУИ и Левица заедно со Арсовска го уништуваат Скопје, и буџетот на градот го користат исто како и буџетите на другите институции кои ги управуваат за крадење.

Одговорност ќе има за сите.