Околу 8 милијарди евра или близу 64% ќе достигне јавниот долг годинава, согласно проекциите на министерството за финансии во Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во државава, од 2021 натаму, ќе должи по 16.000 евра. Владата веќе тргна да им ги наплатува овие пари преку „зелени“ такси и даноци кои оваа и следната година ќе се воведат за граѓаните и фирмите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Над 8 и пол милијарди евра Владата планира да го качи јавниот долг догодина. Тоа се 66% од БДП. Тоа се 6 процентни поени над Мастришкиот критериум за јавен долг. Тоа е скоро двојно од состојбата која ја затекна владата на СДСМ во 2017 година. Изминативе години освен редовните аукции на Министерството за финансии, кредити кај домашните банки и меѓународните финансиски институции, се земаа и еврообврзници по рекордни суми, истакнуваат од партијата.
Она што е најголемиот проблем е на што одат овие пари.