ВМРО-ДПМНЕ со 11 партиски делегации на чествувањето на Гоце Делчев, партија ќе одржи и „историски час“

Најголемата опозициона партија во Македонија, ВМРО –ДПМНЕ соопшти вечерва дека организирано ќе тргне на чествувањето на 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас.

Пред гробот на македонскиот револуционер цвеќе ќе положат вкупно 11 делегации на партијата, предводени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски; Унијата на жени; Унијата на млади сили; Пратеничката група, советничката група во град Скопје; како и од скопските општини: Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ од 15 часот, во Домот за култура “Биљана Беличанец” во Кисела Вода ќе одржи и “Историски час” на кој ќе земат учество, Христијан Мицкоски, Александар Пандов и Ванчо Ѓорѓиев.