ДЕМАНТ НА ИЗЈАВАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ДЕКА ПАРНОТО ЌЕ ПОЕВТИНИ ЗА 20 % !!!
Додека го празнуваме Велигден во карантин од 85 часа како еден од начините на справување на Македонија со вирусот COVID-19, не може а да не реагириме на исполитизирани изјави како онаа од типот дека ќе сме добиеле сметки за парно поевтини за околу 20 %.
Исто така сакам да најавам дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигаат и порамнителните сметки на потрошувачите за топлинска енергија и тие ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти што ќе претставува уште едно значително олеснување на граѓаните- истакнува Бислимоски.
Ваквата изјава на Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кога не би била смешна, би била жална.
Би сакале да им објасниме на потрошувачите кои се греат на системот за топлинска енергија за греење (познат како парно греење), посебно оние во колективни станбени згради каде потрошената топлинска енергија се мери со еден мерач, а потоа се распределува на сите потрошувачи кои се греат парно греење.
Овие потрошувачи за периодот од август до мај плаќаат паушално, сума која се одредува врз основа на некои предвидувања за идната потрошена количина на топлина за греење. Потоа, по завршување на грејната сезона (официјално на 15 април, со можност за продолжување до 1 мај) се отчитуваат мерачите и се врши споредба на вистински потрошената топлинска енергија со онаа предвидената во сметките. На тој начин во сметките за топлинска енергија за греење се врши т.н. порамнување на состојбата со мерачите. Порамнувањето се врши преку добиените сметки за месеците мај, јуни и јули.
Доколку зимата била поблага, т.е. со повисоки надворешни температури, поради што се потрошило помала количина на гас, сметките за парно при порамнувањето ќе бидат помали. Исто така оние колективни згради кои се во т.н. претплата, т.е. при паушалната пресметка плаќале повеќе во претходните 9 месеци, сега ќе добијат помали сметки за парно греење во однос на она што го добивале претходните 9 месеци.
Оттаму би сакале да му укажеме на Претседателот дека не е во ред од нешто што е пракса последните 25 години да прави политички маркетинг и да собира ситно политички поени. Доколку кај некои потрошувачи дојде до намалување на сметките, тоа воопшто не е негова заслуга, туку на тоа што во претходните 9 месеци потрошувачите биле во претплата и плаќале повеќе од што треба. Посебно би сакале да му укажеме дека кај некои домаќинства нема да дојде до намалување на сметките, посебно кај оние кои не се во претплата.
Кај нив се очекува минимално намалување , а може да се случи дури и да добијат повисоки сметки за парно греење. Како тогаш ќе им објасни на потрошувачите дека нема да има намалување на парното за 20 %, како што деновиве се пофали??
Фејсбук статус на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.