Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Го следиме циркусот кој го прави СДС и ДУИ со темите уставни измени и криминалот со градбата на коридорите 8 и 10Д.
И на двете теми ќе одговориме конкретно со два јасни услови.
Прво, пред да се разговара за било што околу уставните измени, Димитар Ковачевски и Бујар Османи да одговараат кривично за велепредаство и свесно ставање на државата во подредена позиција.
Второ, пред да разговараме за законите во Собрание за коридорот 8 и 10Д, Димитар Ковачевски, Благој Бочварски и Артан Груби да одговараат за криминал и ставање на државата во подредена состојба.
Воедно очекуваме Ковачевски да не биде кукавица и да прифати дебата за договорот со „Бехтел и Енка“.