ВМРО-ДПМНЕ му ја дава првата домашна задача на Каевски.
1. Да го праша Ковачевски зошто дозволи промоција на фашизмот во Битола.
2. Каевски треба да се описмени и да осознае која е причината за поставување на восочни фигури низ музеите ширум светот.
Го праша ли Каевски, Ковачевски, зошто дозволил промоција на фашизам од Бугарија во Битола?
Ковачевски дозволил да се отвори клуб Ванчо Михајлов, а откако јавноста се крена против глуми загриженост.
Владата на СДСМ и ДУИ поддржува фашизоидни тенденции, а Ковачевски дозволил да се отвори клуб Ванчо Михајлов мислејќи дека ќе помине неприметно.
Откако јавноста силно се крена против отворањето на клубот Ванчо Михајлов, Ковачевски излезе со однапред снимено видео, 4 дена по настанот и глуми загрижен.
СДСМ и ДУИ се спремни на се, само да останат на власт. А Каевски пред да излегува на прес конференции кои однапред му ги пишуваат да ги чита за да го оправда имотот треба да знае дека восочни фигури се ставаат во музеи за да дадат реален приказ на епохите низ историјата, кажувајќи кои биле позитивни, а кои негативни ликови, па така и со восочната фигура на Михајлов.
Но оживувањето на неговото име преку клуб кој ќе ги промовира таквите идеи е антидржавно и на штета на Македонија.