![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Untitled-22.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДС, Мицкоски со тројна пред Ковачевски, ако СДС се сомнева ајде на избори народот ќе им ја даде најточната анкета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На сите мерења на јавното мислење СДС катастрофално губи од ВМРО-ДПМНЕ. Истото го покажува и последната анкета направена од ИПИС, на која ВМРО-ДПМНЕ со 20% доверба кај граѓаните е во скоро двојно водство пред СДС со 12.9% доверба.
Рејтингот кој го ужива ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните е поголем од заедничкиот рејтинг на СДС и ДУИ. Имено со 20% доверба, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од збирот на рејтинзите на СДС и ДУИ, кој е 12.9% и 6.5%.
Со 13.5% доверба кај граѓаните, претседателот Христијан Мицкоски е убедливо лидер со најголема поддршка кај народот, двојно повеќе од Ахмети со 6.6% и скоро тројно пред Ковачевски со 5%.
Неправдите, криминалот, поразите и понижувањата кои ги донесоа СДС и ДУИ се причина за слабиот рејтинг на тие две партии.
Надежта, работата, посветеноста и конзистентноста која ВМРО-ДПМНЕ ја претставува е причина за големата доверба од страна на граѓаните.
Ако СДС и ДУИ малку се сомневаат во анкетите, иако длабоко во себе знаат дека на терен стојат уште полошо, тогаш ајде на избори, тие се најпрецизната анкета. Очигледно е дека народот бара промени“, стои во партиското соопштение.