ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Валандово и Гевгелија

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Дојран и Богданци и митинзи во Валандово и Гевгелија.

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври на полноќ.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври на полноќ.