ВМРО-ДПМНЕ: Со некаква студија од 35 страници, Заев и Филипче сакаат да потрошат 508 милиони евра за нов Клинички

СДСМ сака да потроши 508 милиони евра пари на граѓаните за изградба на Клинички за кој немаат ниту проект, Клинички што го базираат на 35 листа физибилити студија. Да не беше трагично ќе беше смешно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Најкриминалната влада во Европа треба да троши над половина милијарда евра со некаков документ од 35 страни. Тоа покажува дека не само што немаат план, туку и дека се отвора сомнеж за криминал. Дополнително физибилити студијата се темели на анализи од 2009 години, кои податоци се застарени и не одговараат на реалната слика и на КОВИД реалноста, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ предлага нов клинички центар за што има и план кој ќе биде 3 ипол пати поевтин и кој ќе се гради на платото помеѓу ГОБ 8 Септември и Поликлиника Букурешт, со кој ќе претставува функционална целина.

Но СДСМ не сака пофункционален проект, да сакаа до сега ќе го реализираа проектот кој ВМРО-ДПМНЕ им го остави, а за што имаше одобрено и пари.

Наместо за објект по европски стандарди, тие сакаат да дадат пола милијарда евра и тоа само за објект. Тоа се пола милијарда евра за најкорумпираната влада во Европа. А дополнително на тоа имаме трошоци за гас, пристапни патишта, вода, струја итн. Со тоа лесно овој нивен замислен проект ќе се качи на 550 – 600 милиони евра.

СДСМ не мисли за граѓаните. Затоа не внимаваат ниту како ги трошат нивните пари.