ВМРО-ДПМНЕ: Со нелегалниот избор на Џафери, СДСМ ги погази државните и национални интереси

СДСМ покажа дека е подготвен да ги погази и волјата на народот и Уставот и националните и државните интереси, а најдобар доказе е флагрантното кршење на процедурите и нормите од страна на оваа партија при нелегалниот избор на Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието, рече во средата е срамниот обид на диво да се избере претседател на Собранието, рече во средата на прес-конференција на Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Потписник е срамниот обид на диво да се избере претседател на Собранието, како најдобар доказ за флагрантно кршење на процедурите и нормите од страна на СДС е срамниот обид на диво да се избере претседател на Собранието. На оваа незаконска одлука како потписник стои Горан Мисовски со функција заменик претседавач на Конститутивната седница на Собранието на Македонија. Ова е класичен фалсификат и прекршување на законот“, рече Илиоски.

Посочи дека според стенографските белешки од 30 декември кога почна конститутивната седница, пратениците Стојан Миланов од СПМ и Јусуф Хасани од ДПТМ се назначени за заменици претседавачи. Оттука, појасни Илиоски, Мисовски немал апсолутно никаква функција да претседава со „ срамниот собир“ на кој беше направен обид за избор на Талат Џафери, а уште помалку да се потпишува на нелегитимна одлука.

„СДС и неговите партнери во низа извршија неколку кршења на Деловникот и нормите. Најпрво прекршување се случи со самото тоа што пратениците од СДС и нивните партнери продолжија со работа по затворање на седницата во 18 часот, од страна на единствениот легитимен претседавач, Трајко Велјановски. Потоа следеше ново прекршување со нелегитимниот избор на Мухиќ, а потоа и Горан Мисовски за претседавачи, спротивно на нормите и процедурите“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Илиоски обвини дека СДСМ го оневозможило највисокото демократско парламентарно право на на дискусија на пратениците, го прескокнало процесот на формирање на Комисија за избори и именување со што спречиле таа да предложи и други кандидати за претседател на Собранието.
„СДС го погази и правото на пратениците да соберат потписи и да предложат и други кандидати за претседател на Собранието. На крај, без никакво пребројување на гласовите и на присутните, без никаков стенограм и ангажман на стручните служби, СДС нелегално се обиде да си избере претседател на Собранието. Ова дело извршено од Мисовски, е дел од сценариото на СДС да изврши државен удар, да ги погази процедурите, законите, Уставот и Деловникот на Собранието“, заклучи Илиоски и додаде дека за овој „криминал“ што Мисовски и СДСМ го направиле за да ја почнат што побрзо да ја реализираат ткн Тиранска платформа и да отпочнат што поскоро „ да ги исплаќаат политичките фактури за кои се уценети“ нема да бидат амнестирани од одговорноста.