Ја осудуваме злоупотребата на деца во политичка кампања од страна на Шилегов и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Петре Шилегов избезумен од слабиот рејтинг кој го има почна да злоупотребува и деца во кампања. Во текот на вчерашниот ден Шилегов се пофали дека исцртал патеки низ Градски парк, па не знаејќи како да го доближи тоа до народот и да добие симпатии за оваа работа која е редовна надлежност на претпријатијата во градот злоупотреби деца кои организирано се сликани од страна на неговите професионални фотографи.
Шилегов треба да каже дали за ова ги користеше училиштата во град Скопје и зошто децата наместо на настава се злоупотребуваат за партиска кампања?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги повикуваат и здруженијата за заштита на децата да го осудат ова однесување на Шилегов, кое, како што потенцираат, претставува организирана злоупотреба на деца во партиски цели.
-Апелираме ваквата пракса од страна на СДСМ да запре, и децата да се остават на страна од политиката. Тоа што тие губат нема да го покријат со ништо, но не смее да малтретираат деца да се местат во кадар за сликање, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.