Во емисијата „Објектив“ на МТВ во четврток ќе бидат објавени целосните истражувања по повод парламентарните избори во Македонија.
Имено Институтот за политички истражувања ИПИС направи анкета од која може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност пред СДСМ и БЕСА.
Анкетираните граѓани на прашањето за која партија би гласале дури 24,1 процент одговориле дека тоа би го направиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,5 проценти тоа би го сториле за СДСМ.
Математички пресметано предноста на ВМРО-ДПМНЕ е некаде околу 65 илјади гласови.
-Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС, стои во нивниот пост на Фејбсук.
Инаку во изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски бележат голема предност пред СДСМ и Зоран Заев на многуте анкети кои беа објавувани во медиумите.
Порталот „Рејтинг“ неодамна објави дека токму лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводат идната влада.
На прашањето кој ќе ја предводи идната македонска влада дури 67.05 проценти гласале за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додека пак претседателот на СДСМ Зоран Заев има само 32.95 проценти или дупло помалку од Мицкоски.
Според аналитичарите, зголемената доверба од страна на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се должи на јасната стратегија, конкретните мерки и проекти кои што изминатите две недела ги презентираше Мицкоски, како и отворениот пристап на Мицкоски со граѓаните, а како една од причината за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ ја наведуваат и способноста на Мицкоски за соочување со предизвиците.
Според информациите кои што кружат се очекува довербата и поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да расте преку презентирање на дополнителни мерки кои што ќе бидат дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија оди во погрешна насока, судството со години добива единица во однос на довербата кон граѓаните, владее страв во политичкото изјаснување, опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ, а криминалот и корупцијата се на врвот од предизвиците со кои новата власт ќе треба да се соочи.
Ова се дел од резултатите од телефонската анкета на МКД.мк, спроведена од Маркет вижн на 1.200 граѓани во периодот од 12 до 20 декември минатата година.
Анкетата покажува дека во однос на оценките за државните институции (градоначалник, претседател, премиер, влада, судство) никој нема поголема оценка од 2,61 (претседателот на државата). Од 1 до 5 најниска оценка доби судството (1,79), а кај премиерот очигледна е надолната линија – од 2,61 во ноември 2018, до 2,40 во декември.
Големо е и незадоволството за тоа дали Македонија оди во добра или погрешна насока. На оваа анкета дури 61 отсто од прашаните граѓани одговориле дека Македонија оди во погрешна насока (во ноември 2018 година овој процент беше 54,9 отсто). Намалени се бројките кај граѓаните кои во ноември 2018 одговориле дека Македонија оди во добра насока (32,6%), во декември годинава тој процент е 27,9 отсто.
Во однос на политичката определеност на гласачите, ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ е во предност (14,17%) пред СДСМ (11,58%) од 1.200 анкетирани.
Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле (929), тогаш разликата е – за ВМРО-ДПМНЕ 18,3%, за СДСМ 15%.
Висок е процентот на оние кои одговориле дека ќе ги бојкотираат изборите (22,5%) и оние кои велат дека сѐ уште се неопределени (21,67%).
И во албанскиот политички блок, опозициските партии здружени (Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива за Албанците) би можеле да освојат повеќе пратеници од ДУИ.
Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема – 12,6%:7,2%. Висок е и процентот на гласачите Албанци кои би гласале за СДСМ – 2,1%.
Анкетата е извршена на репрезентативен примерок на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. Албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.
Ова се само дел од анкетите кои се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски имаат се поголема доверба кај народот за разлика од ненародната власт предводена од СДСМ која како што велат од партијата е во заминување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во Македонија.