ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДСМ да не дефокусира од тоа дека е партија водена од аболиран криминалец која киднапираше пратеник за да одржи власт

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска се јавија со реакција по повод прес конференцијата на Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ, каде повика на оставки од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и останатите членови.

Од таму обвинуваат дека Костадин Ацевски е „поранешен пратеник сега директор на Македонија пат кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција“.

„Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата. Впрочем доколку некој се прашува зошто се уште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови. А сега околу суштината: Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат и дека ова е дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање.

„Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски. Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.